about

Опис на модули

Маркетинг

Маркетинг


Развој на нов производ: создавање вредност преку иновации

Овој модул ја опфаќа теоријата и практиката на развој и лансирање на нови производи, нагласувајќи го процесот на планирање. Вклучена е анализа на основните концепти како и темелна дискусија на случаи од реалниот живот, во обид да се поврзат наодите од истражувањата со апликација на академската теорија. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со развој на стратегија, генерирање на концепт за производ, концепт на тестирање, лансирање на производ и сите други аспекти кои се од важност при претставување на нов производ на пазарот. Овој модул им обезбедува на студентите знаење како преку менаџерски пристап да ги запознаат чекорите и процесите кои се дел од развојот на еден производ. Чекорите и процесите кои се разгледуваат се однесуваат и се апликабилни за развој на нови потрошувачки и индустриски производи, како и за развој на услуги.


Пазарни стратегии за одржлив развој

Целта на овој модул е да креира свесност кај учесниците за значењето на процесот на планирање и контрола во маркетинг активностите. Неговиот акцент е ставен на стратешката позиција на планирањето и контролирањето во организациската средина. Воедно, учесниците ќе научат како да ги применуваат постоечките аналитички модели и техники, мерки и алатки при планирањето на маркетинг активностите и контрола на нивната имплементација, со цел постигнување врвни резултати.


Развој на меѓународно пазарно присуство

Денес, организациите неизбежно се дел од еден глобализиран пазар. Дали тие активно учествуваат или не, фирмите се подложни на меѓународно влијание. Постои еден непобитен факт - брзите промени во рамките на меѓународната средина, како и развој на комплексни, надворешни, неконтролирани фактори, заедно со значителен раст на глобалната конкуренција, имаат значително влијание врз пазарната перспектива на организацијата. Овој модул се концентрира на прашања кои произлегуваат во текот на формулацијата на маркетинг стратегијата на меѓународните корпорации. Модулот ќе се фокусира на развој на маркетинг планови за странски земји со цел да се постигне одржлива конкурентна предност на меѓународниот пазар.


Е-трговија и дигитален маркетинг

Развојот на Е-бизнис и интернет-базирани апликации се едни од највпечатливите промени кои имаат извршено влијание врз компаниите во текот на последните две децении. Како последица, во фирмите се извршени радикални промени во т.н. "модус операнди", или преку зголемување на ефикасноста на веќе постоечките процеси или преку воведување на целосно нови бизнис модели. Овој модул е дизајниран да им помогне на студентите да ги запознаат овие промени и да ги истражуваат можностите кои интернетот во целина и особено е-бизнис от може да им ги обезбеди на компаниите во различни сектори (на пример, набавка, производство, маркетинг, дистрибуција и услуги на клиентите). Акцентот во овој модул е ставен на Интернет маркетингот. Овој модул исто така ги претставува барањата за нови методи на работа, организациски структури, како и стилови на управување.


Интегрирани маркетинг комуникации

Овој едукативен модул е фокусиран на изучување на интегрирани маркетинг комуникации. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со различните терминологии, концепти, теории, како и со најновите случувања и иновации, и со импликациите при управување со комуникациските елементи на даден маркетинг микс, а посебен фокус ќе биде даден на рекламирање и продажна промоција. Модулот опфаќа и разгледување на примери и случаи од индустријата на меѓународно ниво.


Менаџирање на бренд во време на промени

Овој модул има за цел да го пренесе значењето и важноста на брендовите, преку презентација на значењето на брендовите за потрошувачите и запознавање со алтернативни стратегии кои можат да бидат имплементирани од страна на компаниите да управуваат правилно со своите брендови. Иако брендот може да претставува нематеријално средство со непроценлива вредност, менаџерите при креирањето и негувањето на силен бренд ќе бидат затекнати со значителен број предизвици.
Концептот за вредност на брендот кој што се изучува во овој модул, ќе им обезбеди на студентите перспектива и платформа за толкување на потенцијалните ефекти при имплементација на различни стратегии и тактики за нивните брендови. Стратешки бренд менаџмент вклучува дизајн и имплементација на маркетинг програми и активности за градење, мерење и правилно управување со капиталот на еден бренд.


Стретешки преговори во областа на Маркетингот

Преговарањето претставува сеопфатен општествен процес; не процес затворен во црна кутија; тој процес може да се анализира, да се учи и моделира. Преговарањето е вештина која се стекнува, се учи. Луѓето не се родени со талент за преговарање, туку истиот го стекнуваат со текот на времето и животното искуство. Како и во повеќето процеси за донесување одлуки, целта на ефикасното преговарање не е само да се постигне прифатлив резултат за сите учесници, туку да се создаде максимална вредност во процесот на договарање и донесување одлуки. Главната цел на овој модул е студентите да се запознаат во своите преговарачки стилови и способности, и да научат како да станат поефикасни преговарачи, како и остроумни набљудувачи на овој општествен процес. Во овој модул се вклучени многу дискусии на реални случаи, игри, интерактивна партиципација на студентите преку разни активности, индивидуално и во групи, кои ќе им овозможат на студентите да бидат самокритични и да ги запознаат своите слаби страни во процесот на преговарање, и ќе го потикнат создавањето и подобрувањето на вештините за преговарање.


Односи со јавноста: стратегии и тактики

Предавањето нуди темелно изучување на теоријата и практиката на односите со јавноста, преку анализирање на работењето на односите со јавноста во контекст на современите организации и нејзиното влијание врз различните јавности - внатрешни и надворешни. Предавањето, исто така ќе се фокусира на професионалниот развој во областа, како и на основни прашања и принципи како што се корпоративната социјална одговорност, односите со медиумите, планирање, вработен односи и потрошувачите односи.






Менаџмент

Менаџмент


Стратешко менаџирање на МСП – градење одржлива конкурентна предност

За разлика од другите едукативни модули од овој смер, кои се концентрираат строго на една одредена функција од бизнис сферата - сметководство, финансии, маркетинг, производство, човечки ресурси, или информациски системи – Стратешко менаџирање на МСП е модул кој ги интегрира сите овие функции. Овој модул го претставува целиот спектар на бизнис сферата и менаџментот. Во центарот на вниманието се малите и средни претпријатија - индустријата и конкурентната средина во која работат, нивните долгорочни насоки и стратегии, ресурси и конкурентни способности и нивните изгледи за успех. Целта на овој модул е да се покаже како добар стратешки менаџмент води кон добар бизнис и ефикасност во работењето, да ги презентира основните концепти и алатки за стратешка анализа и да им влее знаеење на студентите за методите на изработка на добро осмислена стратегија и успешна егзекуција на истата.


Стратешко менаџирање на промени

Управувањето со промени може да се гледа од две перспективи - од апспект на извршителите на промени и од аспект на примателите на промени. Овие перспективи се разликуваат драстично од гледна точка на извршниот менаџмент кој ги бара промените, до вработените на елементарни функции (на фронтот на организацијата) кои често не се ни сигурни дека промената е потребна. Во многу случаи на појава на нова промена, ниту менаџментот, ниту фронталните вработени не се запознаени со концептот на менаџирање на истата. Менаџментот сака промената да се случи веднаш, а вработените само си ја вршат својата работа. Имплементирањето на стратешка промена е еден од најкритичните и најсложени процеси за менаџерот. Промената е критична, бидејќи таа е од фундаментално значење за долгорочен опстанок и конкурентност на организацијата и таа е комплексна, поради човечките ресурси и културните бариери кои постојат во една организација и кои мораат да се надминат со цел процесот на имплементација на промената да биде успешен.


Стретешко менаџирање на човечки ресурси

Овој модул критички ќе ги разгледува периодите на драматични промени во менаџирањето на човечки ресурси кои се случуваат во Југо-Источна Европа и оние промени кое се очекува дека ќе настанат. Со фокусирање на влијанието на засилената глобална конкуренција, технолошките промени, флуктуациите на валутите, дерегулацијата и промените кои секојдневно настануваат, организациите се обидуваат да се фокусираат повеќе на нивните критички внатрешни ресурси, особено луѓето. Организациите се состојат од луѓе чии активности, односи и ставови ги обликуваат организациските способности; овој модул ќе се концентрира на развојот на овие вештини и практики, како и на теориите кои помагаат да се објасни и да се одржи нивната ефикасност со оглед на драматичните промени што се случуваат. Овој модул има за цел да го премости јазот помеѓу клучните области на организациско однесување и управување со човечките ресурси и фокусот во истиот е ставен на целосно подобрување на стратешкото менаџирање со луѓе.


Развој на меѓународно пазарно присуство

Денес, организациите мораат да работат согласно принципите на глобализираниот пазар. Дали тие активно учествуваат или не, фирмите сепак се предмет на меѓународно влијание. Постои еден непобитен факт - брзите промени во рамките на меѓународната средина, како и развојот на комплексни, надворешни, неконтролирани фактори, заедно со значителниот раст на глобалната конкуренција, имаат значително влијание врз организацијата и перспективата за освојување на пазарот во својот сегмент. Овој модул се концентрира на прашања кои произлегуваат во текот на формулацијата на меѓународната маркетинг стратегија во една организација. Модулот ќе се фокусира на развој на маркетинг планови за странски земји со цел да се постигне одржлива конкурентна предност на меѓународниот пазар.


Претприемништво: успешно лансирање и менаџирање нови бизниси

Предавањето претставува преглед на претприемништвото и иновацијата како процес и стил на менаџментско работење. Во него се разгледуваат предизвиците и проблемите со кои се соочуваат претприемачите и менаџерите и од теоретски и од практичен агол. Најпрво се испитуваат факторите што влијаат врз претприемничката дејност, преземањето иницијативи и работното однесување. Понатаму, се разгледува претприемничкиот процес, со посебен акцент на тоа како да се препознаат можностите и критичните фактори кои содејствуваат во текот на самиот процес. Конечно, предавањето претставува само по себе рамка со чија помош новите бизниси можат да креираат здрави организациски системи, структури и култури.


Финансиски менаџмент и сметководство за стратешки одлуки

Сметководствените информации се критичен инструмент при презентирањето на финансиската слика на фирмата пред надворешните и внатрешните страни или корисници со единствена цел за подобрување на процесот на донесување одлуки. Овој модул се фокусира на разбирање и толкување, но не и подготовка, на сметководствени информации. Во модулот се поврзува теоријата со практични примери и студии на случаи составени од реалниот живот и бизнис ситуациите во услужниот сектор, малопродажбата и производствените индустрии. Овој модул ќе им помогне на идните менаџери да научат како се чита меѓу редовите на сметководствените податоци, со цел да можат да креираат одржлива конкурентна предност за нивната компанија.


Стратешки преговори во областа на Менаџментот

Преговарањето претставува сеопфатен општествен процес; не процес затворен во црна кутија; тој процес може да се анализира, да се учи и моделира. Преговарањето е вештина која се стекнува, се учи. Луѓето не се родени со талент за преговарање, туку истиот го стекнуваат со текот на времето и животното искуство. Како и во повеќето процеси за донесување одлуки, целта на ефикасното преговарање не е само да се постигне прифатлив резултат за сите учесници, туку да се создаде максимална вредност во процесот на договарање и донесување одлуки. Главната цел на овој модул е студентите да се запознаат во своите преговарачки стилови и способности, и да научат како да станат поефикасни преговарачи, како и остроумни набљудувачи на овој општествен процес. Во овој модул се вклучени многу дискусии на реални случаи, игри, интерактивна партиципација на студентите преку разни активности, индивидуално и во групи, кои ќе им овозможат на студентите да бидат самокритични и да ги запознаат своите слаби страни во процесот на преговарање, и ќе го потикнат создавањето и подобрувањето на вештините за преговарање.


Технолошки и оперативен менаџмент

Технолошкиот и оперативниот менаџмент се занимаваат со создавање на производи и услуги од кои сите ние зависиме, а истовремено се причини за постоењето на било која организација, без разлика дали таа е голема или мала, ориентирана кон производи или услуги, и дали е профитна или непрофитна по својата природа. Оперативниот менаџмент, исто така, е во центарот на многубројните промени кои влијаат врз светот на бизнисот – промени во карактеристиките кај потрошувачите, промени во мрежата на понудувачи – потикнати од интернет-базираните технологии, како и промени во степенот на одговорност за животната средина што се очекува од компаниите. Промовирањето на креативност која ќе им овозможи на организациите да одговорат на сите овие промени е примарна задача на оперативните менаџери.





Финансии

Финансии


Банкарски менаџмент и финансиски услуги

Овој модул се фокусира на функциите и начинот на менаџирање на комерцијални и инвестициски банки, нивната улога во економијата и влијанијата согласно кои истите се менуваат на глобално ниво. Во детали се разгледуваат потрошувачките и комерцијалните кредитни анализи, управувањето со средства и обврски, управување со ликвидност, управување со ризик, менаџирање на кредитна политика, адекватност на капитал и регулатива. Дополнително овој модул ги покрива следните теми: инвестициски банкарски активности, подигнување на капитал, советување при спојувања и превземања, брокерски активности, управување со средства, трговија на имот и инвестиции. Исто така, во овој модул студентите ќе се запознаат со главните фактори кои би можеле да придонесат за неодамнешната финансиска криза, заедно со потенцијалните корективни мерки кои се препорачуваат за нивелирање на истата.


Финансиски менаџмент

Модулот се фокусира на изучување на принципите на корпоративните финансии, вклучувајќи инвестирање во проекти кои би резултирале со поврат на вложените средства поголем од прифатливиот минумум, и избор на финансиски микс кој што ќе доведе до прифатливиот минумум и кој одговара на вложените средства. Модулот ги запознава студентите со структурата на капиталот и дивидендата согласно дадена организациска одлука. Преку практичен пристап е претставен начинот на вреднување на материјалните средства.


Анализа на финансиски извештаи

Сметководствените информации се критичен инструмент при презентирањето на финансиска слика на една корпорација пред надворешните и внатрешните групи или корисници со цел подобрување на процесот на донесување одлуки. Овој модул го објаснува процесот на креирање на сметководствените информации, во согласност со Меѓународните сметководствени стандарди (МСС) и Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ), а потоа истите се анализирани и интерпретирани. На тој начин се поттикнува критичко наместо автоматско прифаќање на основните претпоставки зад сметководство. Се поврзува теоријата со практични примери и студии на случаи врз основа на реални бизнис ситуации во услужните дејности, малопродажбата и производствените индустрии. Овој модул ќе им помогне на идните менаџери да научат како се чита меѓу редовите на сметководствените податоци, со цел да можат да креираат одржлива конкурентна предност за нивната компанија во согласност со МСС и МСФИ .


Хеџинг стратегии и деривати

Овој модул им нуди на студентите можност да се запознаат со теоретските и практичните аспекти на пазарите за финансиски фјучерси, опции и други деривати. Овие инструменти станаа екстремно популарни инвестициски алатки во текот на изминатите 25 години и имаат генерирано изобилство на иновативни производи и идеи. Дериватите станаа една од најважните алатки во модерните финансии, и од академска и од практична гледна точка. Овој модул се фокусира на изучување на техниките за вреднување на фјучерси и опции со цел да се откријат бројните практични аспекти на нивната употреба. Особено, во овој модул се дефинираат главните видови на деривати, покажува колку тие се користат за постигнување на различни шпекулантни и хеџинг цели и ги запознава студентите со процесот на креирање на цени за истите.


Анализа на инвестиции

Предавањето ќе придонесе суштински да се навлезе во тематиката на управување со портфолиа, и безбедност и анализа на хартии од вредност. Студентите ќе се запознаат со суштината на инвестирањето и најновите случувања во инвестициската теорија, пазарите на капитал и вреднување на основните средства. Понатаму, студентите ќе се здобијат со знаење во модерните квантитативни методи на безбедност и вреднување на портфолио. Анализата на безбедност на хартии од вредност ќе се фокусира на фиксен приход и капитал. Ќе бидат разгледани важни емпириски и теоретски докази, заедно со практична примена на алатки и методологии.


Модерни финансиски пазари, институции и инструменти

Овој модул се заснова на напредна анализа на улогата и структурата на финансиските пазари и институции во контекст на финансиско посредување, во перспектива со неодамнешниот развој и иновациите на пазарот. Целта е да се опише широкиот спектар на финансиски инструменти достапни на пазарите за инвестирање, финансирањето на различни оперативни активности, како и контрола на различни видови на финансиски ризик. Главниот акцент е ставен на теоријата на асиметрични информации, при нагласената улога на владата во финансиската регулатива. Иако во модулот не се дискутира експлицитно за актуелната финансиска криза, теориите кои се разгледуваат ќе им обезбедат на студентите пристап до алатки со кои може да се анализираат дел од елементите кои придонесоа за истата. Теоријата ќе се претстави преку случаи од меѓународниот финансиски систем, а како пример ќе се разгледа карактерот на моменталната криза во грчкиот финансиски систем.


Стратешко менацирање на финансиски услуги

За разлика од другите едукативни модули од овој смер, кои се концентрираат строго на една одредена функција од бизнис сферата - сметководство, финансии, маркетинг, производство, човечки ресурси, или информациски системи – Стратешко менаџирање на финансиски услуги е модул кој ги интегрира сите овие функции. Овој модул го претставува целиот спектар на бизнис сферата и менаџментот. Во центарот на вниманието се малите и средни претпријатија - индустријата и конкурентната средина во која работат, нивните долгорочни насоки и стратегии, ресурси и конкурентни способности и нивните изгледи за успех. Целта на овој модул е да се покаже како добар стратешки менаџмент води кон добар бизнис и ефикасност во работењето, да ги презентира основните концепти и алатки за стратешка анализа и да им влее знаеење на студентите за методите на изработка на добро осмислена стратегија и успешна егзекуција на истата во секторот на финансиските услуги.


Банкарство и финансии во Балканската средина

Во овој модул, фокусот е ставен на прашањата поврзани со теоријата на пари и банкарство. Структурата на модулот им овозможува на студентите да изградат свое гледиште за монетарната економија и да се запознаат со контроверзните теми во монетарната теорија и политиката на стабилизација. Во главниот фокус на модулот ќе биде монетарната политика и водењето на истата, бидејќи таа го сочинува јадрото на макроекономската рамка во која банките и другите финансиски институции работат. Дополнително знаење ќе биде стекнато преку обработка на одредени важни аспекти од банкарството и финансиите на европско и меѓународно ниво.